fbpx

Маж ѝ четири часа дневно седел во веце: Тајната ја дознала од колегата

Мислела дека се’ е во ред со нивниот однос

Една 38-годишна жена уште на почетокот од годината забележала дека нејзиниот сопруг се’ повеќе време поминува во тоалетот.

Елиза Брејсон од Торонто раскажува дека Лени наутро, во текот на денот, но и доцна во ноќта седел по 45 минути на веце-шолјата, односно по дури четири часа дневно. Притоа, нивната комуникација била нормална и воопшто немало простор за сомнежи дека можеби ја изневерува.

Таа многу се загрижила за неговото здравје, го прашала дали се’ е во ред и му нагласила дека ако има некој проблем безрезервно би му помогнала да го решат заедно.

„Во тие моменти само ќе станеше поагресивен. Многу се лутеше дека ми пречи што седи во купатилото по цели денови. А, секогаш го носеше мобилниот со себе“, раскажува Елиза.

Кога еден ден излегле во ресторан на вечера, по 15 минути заминал во тоалет. Му дофрлила да не се заборави како што тоа го прави дома.

„Не ме послуша. Повторно го немаше околу 45 минути. Седев сама и го чекав. На крај, си нарачав јадење. Кога виде дека сум почнала да вечерам без него, збесна, си ја собра јакната и си замина дома. Цела ноќ се расправавме, но и понатаму молчеше за „проблемот“. Кога конечно заспа, му го зедов телефонот. Имаше шифра, што беше уште еден нов момент за мене. Сега бев уверена дека ме изневерува“, пишува Елиза.

Мајка ги возбуди родителите: Јас те родив тебе, а не ти мене!

Вистината ја дознала сосема случајно, кога во трговскиот центар во соседството налетале на негов колега.

„Се шегуваа поради промашените ливчиња на спортска прогноза. Го слушнав како му вели на маж ми дека ако продолжи толку да се коцка, дека ќе ја изгуби и куќата. Се’ ми стана јасно. Се прашував од каде му се парите за толку често да се обложува, па подоцна ми призна дека на работа добил покачување. Бев многу повредена. Но, и практична. Знам дека коцката е зависност која се лечи, но тој не сака да слушне за тоа. Не е подготвен. Сега, разводот се’ повеќе е извесен. Не планирам уште долго да чекам“, нагласува таа.

Фото: СитиТВ/Принтскрин

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Меган Маркл воодушевена: Овој потег на кралицата никој не го очекуваше!

Меган Маркл денеска го прославува јубилејниот 40-ти роденден. Како што пренесуваат странските медиуми, војвотката од Сасекс планира интимна прослава во нејзиниот дом со шеесетина гости. Она што го одбележи денот е потегот на кралицата Елизабета кој сигурно ја воодушеви поранешната актерка и сопруга на принцот Хари. На официјалната страна на […]