fbpx

Трагедија: Оливер загина пред бремената сопруга и децата

Нова трагедија го вознемири регионот

Оливер Ѓуриќ, 32-годишен маж загина во сообраќајна несреќа додека се тркал со 24-годишниот А.С. кој бил во другиот автомобил.

За несреќата да биде уште поголема, сведоци на трагичниот настан биле неговата бремена сопруга и нивните деца кои се наоѓале во трет автомобил.

Ѓуриќ, инаку жител од српското село Мало Црниче, возел пасат, а А.С. мазда. Во еден момент А.С. го претекнал Ѓуриќ, по што изгубил контрола и се превртел на кров. За да одбегне директен судар, Ѓуриќ нагло го свртел воланот и излетал од патот. За жал, удрил во орев и загинал, пишуваат тамошните медиуми.

На А.С. кој наводно возел под дејство на алкохол, му е одреден притвор и ќе биде приведен откако ќе му бидат санирани лесните повреди со кои се здобил.

Истрагата покажала дека станува збор за соседи кои добро се познавале. Кобната ноќ се враќале од прослава.

„Трагедијата можеше да биде уште поголема. За среќа, сопругата на Ѓуриќ и нивните деца беа во друг автомобил, но, за жал, ја видоа несреќата“, раскажува нивна пријателка.

Мештаните од селото на Ѓуриќ велат дека одамна не паметат ваква трагедија. Соседот го опишуваат како добар и вреден човек.

„Родителите му работат во Италија, а има и сестра. Беше човек кој не знаеше за одмор, постојано нешто работеше“, велат тие.

Во меѓувреме се огласи и сопругата на Оливер.

„Биди најдобар ангел на овој свет, чувај ме да бидам силна и да ги сочувам нашите три принцези, а нив чувај ги од зло. Ќе те сакам се’ додека дишам“, напиша таа на „Фејсбук“.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Луѓе, лошо е: Марјан сведочи за пожарот во Пехчево

Македонскиот планинар Марјан Митриновски на својот профил на „Фејсбук“ од час во час ги информира граѓаните за состојбата со пожарите. Огнените јазли кај Пехчево и Делчево и натаму се шират и загрозени се повеќе села. „Лошо е луѓе. Со пожарникарите од Австрија и припадниците на АРМ го гаснеме пожарот над […]