fbpx

(ФОТО) Мими кажа „ДА“, фановите воодушевени од прстенот

Се вери младата македонска пејачка која се прослави во шоуто „Ѕвездите на Гранд“.

„Милион пати ДА“, напиша велешанката Мими Јовановска под фотографиите на кои гордо го покажа прстенот.

Мими и нејзиниот избраник се заедно повеќе од три години.

Филип Нунески е докажан музичар, дел од братското дуо „Нуне брадерс“ кое пред неколку години имаше чест да настапува и со легендарната Есма Реџепова.

Јовановска веќе подолго време се обидува да се пробие во музичките води. Како вокалистка на бендот „Да Капо“ досега имала бројни настапи ширум нашата земја.

Зад себе има две авторски песни отпеани на домашни фестивали, а последната Нова година имаше забележителен настап и пред нашинците во Шведска.

Во една прилика Мими призна дека омилена пејачка ѝ е Анета Мицевска од групата „Молика“.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Ќе ви го скршат срцето: Најтажните слики од Евија

Се’ уште е драматична состојбата на грчкиот остров Евија каде пожарот неконтролирано се шири. Над илјада жители беа принудени да ги напуштат своите домови, да остават буквално се’ што спечалиле за да си го спасат животот. На социјалните медиуми постојано се објавуваат апокалиптични сцени на кои јасно се гледа хоророт […]