fbpx

Ќе ви го скршат срцето: Најтажните слики од Евија

Се’ уште е драматична состојбата на грчкиот остров Евија каде пожарот неконтролирано се шири.

Над илјада жители беа принудени да ги напуштат своите домови, да остават буквално се’ што спечалиле за да си го спасат животот.

На социјалните медиуми постојано се објавуваат апокалиптични сцени на кои јасно се гледа хоророт кој го преживува тамошното население, но и бројните туристи кои мораа да го прекинат годишниот одмор.

На една слика која експресно стана вирална, постара жена е фотографирана пред својот дом во Евија.

На друга, пак, исто толку срцепарателна, е фотографирана постара брачна двојка на еден од траектите. Сопружниците Јоргос (89) и Парисо (87) лежат уморени и уплашени. Не успеале ништо да понесат со себе, освен кучето Бела.

Фото: Константинос Цакалидис/Инстаграм/Танјуг/АП

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Д-р Ефкоски удри по антиваксерите: Зошто барате воздушни перници кога имате кочници?

Не можам да разберам истовремена одлука да не се вакцинирам, заедно со барањето да не се воведат ограничувањата наметнати од пандемијата. Вие као тие јаките сте? Имунитет имате? Многу се пазите? Истово важи и за вакцинираните. Мислите сега сте безбедни од сите микроорганизми?? Мислите сте имуни на сите следни мутанти?? […]