fbpx

Избришано минато: Која е сопругата на Ким Џонг Ун?

Сопругата на севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун е вистинска мистерија

Никој не знае кога точно е родена Ри Сол Џу. Се претпоставува дека е помеѓу 1985 и 1989 година и дека нејзиното име всушност е псевдоним.

Наводно, Ким Џонг го избришал нејзиното минато и тој допушта кои детали за неа ќе се пласираат во јавноста.

Многумина тврдат дека уште од мала била воспитувана да му биде жена на лидерот. Средно училиште завршила во Пјонгјанг, па студирала музика во Кина. Одреден период била дел од оркестарот Унхасу со кој имала неколку јавни настапи, но подоцна тие видеа биле избришани.

Бракот на една од најконтроверзните двојки во светот бил договорен уште во 2008 година, пред таткото на Ким да добие мозочен удар.

Дури е мистерија и бројот на нивните деца. Се претпоставува дека имаат две, а лидерот на Северна Кореја наводно има и неколку вонбрачни деца како редовен гостин во таканаречената „Петта дивизија“, харем од околу 2.000 жени чија задача е да ги забавуваат партиските функционери и да имаат сексуални односи со нив.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Принцот Ендрју обвинет за силување: Сите скандали на кралското семејство

Американката Вирџинија Робертс која уште во 2015 година тврдеше дека принцот Ендрју сексуално ја злоставувал кога имала 17 години, сега и официјално поднесе тужба пред судот во Њујорк. Таа е една од жртвите на осудениот сексуален педофил Џефри Епстајн кој пред две години се самоуби во затвор и тврди дека […]