fbpx

Принцот Ендрју обвинет за силување: Сите скандали на кралското семејство

Американката Вирџинија Робертс која уште во 2015 година тврдеше дека принцот Ендрју сексуално ја злоставувал кога имала 17 години, сега и официјално поднесе тужба пред судот во Њујорк.

Таа е една од жртвите на осудениот сексуален педофил Џефри Епстајн кој пред две години се самоуби во затвор и тврди дека принцот Ендрју сексуално ја нападнал во САД и во Лондон.

Но, овој скандал не е единствениот кога е во прашање британското кралско семејство. Како еден од најдолговечните монарси, кралицата Елизабета Втора преживеа многу непријатни моменти, афери и секс-скандали. Семејството често ѝ задаваше главоболки, но издржа буквално сѐ.

Откако лани внукот Хари ја соопшти одлуката дека се откажува од својата титула, неколку дена подоцна доживеа уште една непријатност кога нејзиниот најстар внук Питер Филипс соопшти дека се разведува од својата сопруга, Канаѓанката Отaм Кели.

Елизабета Втора успеа да се избори со низата скандали кои се редеа низ годините, а Меган и Хари беа само последниот сериозен атак врз кралското семејство.

Циркусот со Хари почна уште пред осум години. Пред да се реализира како сопруг и татко, Хари беше лошото момче кое игра билијард на соблекување во Лас Вегас. Претходно беше фотографиран и во нацистичка униформа за која јавно се извини, правдајќи се дека тоа било костум и дека погрешил во изборот.

Како 17-годишен тинејџер, Хари помина еден ден во центарот за одвикнување од зависности во Лондон, откако призна дека консумирал марихуана. Портпаролот на кралското семејство тогаш ѝ соопшти на јавноста дека Елизабета го пратила внукот на клиника за да се информира за последиците од консумирањето канабис. 

Свои „жолти минути“ имаа и принцот Вилијам со сопругата Кејт Мидлтон.

Францускиот магазин Closer пред неколку години објави топлес-фотографии со војвотката од Кембриџ. Кралската двојка 2017 година го тужеше магазинот кој мораше да исплати оштета од 118 илјади долари.

Фото: ПА Медија/Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Загинал пред свадба од струен удар: Нов шок по само една недела

Млад доктор починал на лице место од струен удар на само ден пред својата свадба. Трагедијата се случила додека младенците позирале пред венчавката, а претставниците од професионалното студио кое го ангажирале за фотосесијата се приведени. Обвинителството се сомнева дека работеле со дотраена опрема и дека токму слабо изолираните кабли биле […]