Млад доктор починал на лице место од струен удар на само ден пред својата свадба.
Трагедијата се случила додека младенците позирале пред венчавката, а претставниците од професионалното студио кое го ангажирале за фотосесијата се приведени.
Обвинителството се сомнева дека работеле со дотраена опрема и дека токму слабо изолираните кабли биле фатални за несреќниот маж.
Д-р Денис Рикардо Гуржел (31) од Бразилија и неговата избраничка специјално допатувале во сојузната држава Токантинс на место одалечено дури 550 километри од нивниот дом во Бразилија, за да позираат на истата локација каде што и се запознале.
Се’ уште неопоравена од кобниот ден, невестата Микаела после само една недела се соочила со нов шок кога дознала дека е бремена.
„Бев на гинеколог, ми кажа дека 99 отсто сум трудна, но дека се’ уште е рано за било какви заклучоци. Не можам да се соберам, животот ми е уништен“, им изјавила таа на локалните медиуми.
Родителите на д-р Гуржел кој работел во Ковид-одделението во болницата Гурупи исто така не можат да се помират со несреќата.
„Толку животи спаси во последните две години и сега вака да почине? Не е фер. Тие луѓе кои беа одговорни за фотографирањето треба да завршат во затвор“, изјавила Паола, мајката на Денис.
Фото: Њузфлеш/Принтскрин
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО