fbpx

Мислев дека не сакам второ дете: Милена по вторпат мајка

Мислев дека не сакам второ дете, но како поминуваат месеците така се’ повеќе и повеќе се радувам и сметам дека нешто поубаво и не можеше да ми се случи, вели популарната водителка Милена Антовска Станковска која по вторпат ќе стане мајка.

Радосната вест таа ја сподели за порталот „ММС“.

Милена која со години е заштитно лице на телевизијата Канал 5 е скоро во петтиот месец од бременоста, а го откри и полот на бебето.

„Веќе се знае дека е женско, наша втора ќерка и Лана Марија ќе си добие сестричка. Уште едно девојче, навистина многу сум среќна. Можеби длабоко во себе посакував да имаме и син, но не ми е жал. Нели ќерките повеќе ги чуваат родителите. Па ако е така јас и Гордан со две ќерки значи ептен ќе бидеме чувани“, раскажува Милена за „ММС“.

Следни Објави

Ковид-вакцини и стравот од неплодност: Марија Јаневска го има одговорот

Во последно време се воздржувам да навлагам во полемики за ковид и вакцините, меѓутоа бидејќи гледам дека никој не е доволно информиран, би сакала да објаснам неколку работи со цел да помогнам на многу од девојките кои се реално исплашени. 1. Нема научни докази за неплодност кај жените. Единствена теорија […]