fbpx

Се огласи актерката Жугиќ: Посвета која никого не остава рамнодушен

Докажаната македонска актерка и поранешна директорка на Тетатар Комедија, Јелена Жугиќ, е само една од бројните колешки кои на социјалните мрежи се простија од легендарната глумица Сабина Ајрула Тозија.

Таа сподели нивна заедничка фотографија и емотивна посвета која никого не остава рамнодушен.

Ви ја пренесуваме во целост:

„Имав огромна чест да бидеме колешки, партнери на сцена, пријателки, да делиме иста гримиорна во Драмски, да ми биде голема поддршка на почетокот на кариерата. Задоволство беше да се учи и за театарот и за животот од неа. Паметам како вчера да беше..

Иако во театарот имавме одличен шминкер, Сабина инсистираше да ме научи како сама да се гримирам, ми велеше: „Само така ќе се концентрираш, со секој потег на четката, моливчето, сенката.. полека ќе се трансформираш и влегуваш во ликот кој го играш“..

Ме научи и дека иако премиерата поминала, никогаш текстот не го носиме дома, се додека се игра претставата текстот стои во шкафче и пред секоја претстава го повторуваме иако го знаеме..

Ме научи како со полни плуќа да „дишам“ на работното место, како со леснотија и насмевка да ги надминувам „задкулисните игри“ и професионално да созревам..

Поминаа години од како последен пат се прегрнавме. Кариерата на Сабина заблеска на меѓународно ниво и јас со задоволство и гордост ги следев нејзините успеси.

Величенствена жена, врвен професионалец и голем човек. Почивај во мир драга Сабина, нека ти е вечно Името и Славата!“.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Мислев дека не сакам второ дете: Милена по вторпат мајка

Мислев дека не сакам второ дете, но како поминуваат месеците така се’ повеќе и повеќе се радувам и сметам дека нешто поубаво и не можеше да ми се случи, вели популарната водителка Милена Антовска Станковска која по вторпат ќе стане мајка. Радосната вест таа ја сподели за порталот „ММС“. Милена […]