fbpx

Ковид-вакцини и стравот од неплодност: Марија Јаневска го има одговорот

Во последно време се воздржувам да навлагам во полемики за ковид и вакцините, меѓутоа бидејќи гледам дека никој не е доволно информиран, би сакала да објаснам неколку работи со цел да помогнам на многу од девојките кои се реално исплашени.

1. Нема научни докази за неплодност кај жените. Единствена теорија која антиваксерите ја имаа беше дека Ѕ протеинот на површината на коронавирусот е сличен по структура на протеинот Синцитин-1 (протеин во нашата матка кој е одговорен за задржување и вгнездување на плодот). Теоријата вели дека антителата создадени по вакцинација ќе се збунат и по грешка ќе го нападнат синцитинот мислејќи дека е Ѕ протеинот од коронавирусот и ќе го уништат, правејќи не нас жените неплодни односно неспособни да го задржиме плодот.

Велат дека генетскиот код за Синцитинот е премногу сличен на Ѕ протеинот и дека поради тоа антителата ќе се збунат и ќе се врзат за Синцитинот и ќе го уништат. За да видите колку не е сличен, погледнете ја сликичката која ќе Ви ја прикачам подолу. Сѐ што е обележано со ѕвездичка значи поклопување на кодот (сличност).

BatRaTG13 e вирусот од кој потекнува коронавирусот. Wuhan е коронавирусот кој прв се појави. HERVW е кодот за протеинот синцитин-1.

Единствената минимална сличност е поради тоа што кодот за самиот Синцитин во нашето тело е внесен милиони години наназад со помош на вирус во еволуциското минато. Така го имаме ние кодот за Синцитин-1 во нашиот генетски код. Ваквиот ген има посебен назив и се вика ендоген ретровирусен елемент и по дефиниција претставува ДНК секвенца која потекнува од вирус, а постои во герминативна линија кај не-вирусен организам или во овој случај кај цицач/луѓето.

„The gene encoding this protein is an endogenous retroviral element that is the remnant of an ancient retroviral infection integrated into the primate germ line. In the case of syncytin-1 (which is found in humans, apes, and Old World but not New World monkeys), this integration likely occurred more than 25 million years ago. Syncytin-1 is one of two known syncytin proteins expressed in catarrhini primates (the other being syncytin-2) and one of many viral genomes incorporated on multiple occasions over evolutionary time in diverse mammalian species.“

Значи синцитинот самиот по себе има вирусно потекло и затоа е до некаде минимално сличен со Ѕ протеинот на коронавирусот.

Дополнително, ако ова беше вистина, по таа логика сите жени што прележале ковид и сега имаат антитела треба да се неплодни, не? Тотална глупост.

2. Така гледано, кодот за колаген е далеку посличен со Ѕ протеинот отколку кодот на Синцитинот. Колагенот е протеин кој го има насекаде во нашето тело, тоа не значи дека сите што прележале ковид или се вакцинирани, сега имаат алергии или се исфрлани насекаде по телото/кожата.

3. Дополнително на сите овие факти, во биологијата не е сѐ така лесно, баш напротив организмот има толку многу начини на контрола и ништо не се одвива случајно и по грешка. Прво, за да едно антитело делува крос-реактивно нештото треба да е слично 99%. Ова е случај кај два вируси од исто потекло, на пример два соја на коронавирусот. Доколку имате антитела кон британскиот коронавирус, а Ве зарази јужно-африканскиот или индискиот сој, најверојатно вашите антитела ќе делуваат крос-реактивно и 90% ќе ве заштитат од овие два слични вируси. Зошто? Бидејќи нивниот код е речиси идентичен, односно тие се разликуваат во една или две мутации (една или две букви). Затоа се вели дека вакцините делуваат и покрај тоа што има нови соеви на коронавирусот, зошто новите соеви се разликуваат за “една или две букви”, односно тие се 99% слични со оној вирус за кој сте примиле вакцина.

Во биологијата сѐ функционира по принцип на клуч и брава и нашите тела се многу паметни. Не може антителата туку така да одат и да напаѓаат што и да им текне. Ништо не е оставено на случајност.

4. Исто така, дури и да кодовите беа исти, поврзувањето на антителото и рецепторот се случува на протеинско ниво, а не на ниво на ДНК секвенца. Ова значи дека неправилно здиплување на протеинот може лесно да доведе до НЕврзување на антителото со синцитинот.

5. За крај, сѐ ова што ви го набројав се теоретски факти, но постојат и практични докази. Кога почнаа клиничките студии за вакцините многу од волонтерите жени случајно останаа бремени. Овие бремености никогаш не беа прекинати, туку напротив беа земени како шанса за да се истражи ефектот на вакцините врз бременоста и плодот. На кратко, ќе ви набројам процент на спонтани абортуси кај вакцинирани и кај невакцинирани со различните вакцини, и ќе ви оставам линкови од студиите подолу за да прочитате доколку сакате повеќе.

Невакцинирени / Вакцинирани

Pfizer 8% 0%

Moderna 14% 0%

AstraZeneca 33% 17%

JJ 25% 25%

ЛИНК

Ова не значи дека сега сите трудници треба да се вакцинираат. Напротив, сѐ уште се вели да почекаат до породувањето зошто и овие докази не се доволни за едно бебе кое сѐ уште не е родено. Но, девојки кои дојат или сакаат во иднина да останат бремени нема потреба да се плашат од вакцинација.

So, believe in science and get vaccinated!

Фејсбук-статус на Марија Јаневска

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Тврдеше дека е бремена од Иван (10): Неочекуван пресврт по среќните вести

Оваа тинејџерка лани се прослави преку ноќ, а сега е исправена пред уште посериозен предизвик Дарија Суднишникова има само 15 години и повторно е во фокусот на медиумите, откако минатата година тврдеше дека забременила од 10-годишниот Иван што подоцна се покажа дека не е вистина. Оваа Русинка сега повторно е […]