fbpx

Тврдеше дека е бремена од Иван (10): Неочекуван пресврт по среќните вести

Оваа тинејџерка лани се прослави преку ноќ, а сега е исправена пред уште посериозен предизвик

Дарија Суднишникова има само 15 години и повторно е во фокусот на медиумите, откако минатата година тврдеше дека забременила од 10-годишниот Иван што подоцна се покажа дека не е вистина.

Оваа Русинка сега повторно е трудна од сегашното момче Максим, но лекарите наводно ѝ препорачуваат да абортира, пред се’ од здравствени причини.

Ученичката која со својата животна приказна го шокираше светот, на социјалните мрежи дури спроведе и анкета каде нејзините 650.000 следачи ги праша дали да абортира или сепак да ризикува. Во емотивното видео кое го сподели, таа наведува дека е „принудена“ да ја прекине бременоста и дека тоа е препорака на докторите кои стравуваат за нејзиниот живот.

„Не знаев како да ви кажам, но второ дете нема да има. Цел ден се тресам. Одлуката не ја донесов затоа што така сакам, туку затоа што имам здравствените проблеми и постои голема шанса да умрам на породувањето. Тоа е ужасно. Последните два дена се чувствувам толку лошо, многу тешко ми падна сознанието дека ќе го изгубвам бебето“, објаснува Дарија.

Таа негира дека целата приказна со бременоста ја измислила за и понатаму да се пишува за неа.

Светските медиуми потсетуваат дека кога имаше само 13 години Дарија објави дека е бремена и дека татко на детето е десетгодишно момче со кое си играла „доктори“ во својата соба и дека во таа прилика била интимна со него и забременила.

Уште кога ја обелодени оваа приказна, на многумина им беше сомнителна. Под притисок на јавноста, подоцна призна дека била силувана. Се покажа дека токму злоставувачот е татко на детето кое сега има 11 месеци.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Ти беше светлина: Живкица се прости од мајка си

Познатата водителка Живкица Каленикова сподели тажна вест со своите пријатели на социјалните мрежи. Авторката на ТВ-магазинот „Тунел“ со трогателна посвета се прости од мајка си Стојанка Ѓурчиноска. „Убавице моја, летај високо, светол да ти е патот. Ти беше светлина, љубов и душа широка како ничија друга. Дел си од мене […]