fbpx

Јанкуловски директен: Еве ги овие на Филипче слугите

На терен: пе*ери, хоштаплери, море маму ви је*ем, мрште одовде, еве ги овие на Филипче слугите, стоки, абре сите да ве снема..

Нит станав пе*ер, ни хоштаплер, стока уште помалку, слуга па ич. И не не’ снема. Тука сме и ќе сме секогаш за тие на кои сме им потребни. За сите.

И покрај навредите кои некогаш беа преголеми сепак ние си продолживме со нашата работна задача почитувајќи го чичко Хипократ. Ние сестрите (се смее), но и болничарите, докторите, хигиеничарите, помошниот персонал, администрација, набавки, управа како и доброволците, волонтерите и сите добронамерни луѓе, некои со документ за заклетва, некои не, но сите ја носиме во срцето и оттаму таа ни е водилка низ оваа лудница од секаков вид. А се’ тоа е со една цел – драгоцениот човечки живот.

Така да ни докторите не се убијци само заради нечии непромислени изјави. Или може и вака, убијци на вирусот. Е тоа да.

Да, зборовите болат, погодуваат, нервираат но НЕ НЕ’ КРШАТ!

Без нервоза, имаме уште работа, мора да бидеме уште јаки зошто тоа и се очекува од нас. А јаки сме нели?

А ќе има уште погани усти. Нив ништо не ги мие. Толку им дал тој на кој се повикуваат.

Фејсбук-статус на Денис Јанкуловски

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Во петокот побегнав од Кабул: Потресно сведоштво за кошмарот во Авганистан

Новинарка од Авганистан, добитничка на престижната стипендија „Фулбрајт“ на Универзитетот во Небраска и дописничка на „Би-Би-Си“ од Кабул, е една од ретките жени кои имаа среќа да побегнат од Талибанците. За жал, нејзиното семејство не успеало да се спаси Насрин Нава напиша текст за „Вашингтон пост“ во кој детално ја […]