fbpx

Драгана удри по Царовска: Не сакаме родово сензитивни содржини

Почитувани родители, драги сограѓани!

На праг сме на учебна година, а министерката нема абер да не извести како ќе почне учебната година.

Од неофицијални информации дознаваме дека можеби и нема да почне во септември. Ќе се запрашате зошто?

Неофицијално дознаваме дека подготовката на учебници за четврто одделение не е ни до пола! Нема најава за дигитални уреди за секој ученик а се спрема за дигитализација! Инклузија е далеку од возможна, бидејќи нема доволен број на образовни асистенти, така што на еден асистент ќе бидат доделени 3-4 деца со попреченост! Како ќе напредуваат овие деца министерката не ја засега! За пристап и превоз до училиште на овие деца не се зборува ништо!!!

Ама важно обуки за ссо и рсо се тераат, а ни половина од наставниците не се обучени!

Свидетелства од мината учебна година уште нема!!! Ова го нема никаде во светот! Вакво образование и вакви реформи за два месеци ни супермен не може да спреми, а камо ли министерката! И доколку продолжи да инсистира на целосна дигитализација и да спроведуваа родово сензитивни содржини во образованието и доколку нема квалитетни услови за инклузија, ние родителите од први септември ќе ја бојкотираме наставата и ќе протестираме се додека не запрат со овие реформи!

Ние родителите имаме законско право да одлучуваме за нашите деца до нивната 18-та година!

Стоп за оваа концепција! Стоп за овие реформи! Стоп за оваа министерка!

ОВАА ИНИЦИЈАТИВА ЌЕ ПОКРЕНЕ ПОСТАПКА ЗА ИЗМЕНИ ВО ЗАКОНОТ ЗА ОСНОВНО ОБРАЗОВАНИЕ И ПАРАЛЕЛНО ОД 1-ВИ СЕПТЕМВРИ НАЈАВУВАМЕ ЦЕЛОСЕН БОЈКОТ НА НАСТАВАТА И МАСОВНИ ПРОТЕСТИ, БИДЕЈЌИ НИТУ ЕДНО ОД НАШИТЕ БАРАЊА НЕ Е ИСПОЛЕНЕТО!

Време е за реформи по мерка на ученикот!

Фејсбук-статус на Драгана Спасевска

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Запеј им таму горе: Хрватска тагува, почина познатиот музичар

По тешко боледување, на 53-годишна возраст почина Давор Ерцег. Хрватскиот музичар се прослави во осумдесеттите години на минатиот век во дубровачкиот хеви-метал составот „Црна удовица“. Подоцна беше заменет од популарниот Горан Каран. Тажната вест на „Фејсбук“ ја објавија неговите колеги од поранешниот бенд. „Збогум, мил наш Даворе. Малите ангели нека […]