fbpx

Те молам, вакцинирај ги децата: Лидија и сопругот починаа од корона, оставија четири сираци

Уште една семејна трагедија ги вознемири граѓаните

Родители на четири деца починаа од последици на Ковид-19.

Лидија (42) и нејзиниот сопруг Лоренс Родригез (49) ја изгубија битката со смртоносниот вирус, пишуваат локалните медиуми во Тексас.

Лоренс бил хоспитализиран во јули кога му бил и дијагностициран вирусот, а починал на почетокот од август. Неговата сопруга, пак, починала во понеделникот по едномесечна борба.

Доти Џонс, роднина на семејството Родригез, за „Еј-Би-Си 13“ вели дека двојката не верувала во вакцини.

„Се обидувавме да разговараме со нив, но таа тема едноставно не им се допаѓаше. Претпоставувам дека не веруваа во вакцините“, раскажува Џонс.

Таа открива дека Лидија почнала да го менува мислењето, но кога веќе завршила на интензивна нега и било предоцна.

„Пред да биде интубирана, една од последните работи кои ѝ ги кажа на сестра ѝ беше: „Те молам, вакцинирај ги децата“. Жалам што луѓето веруваат во дезинформациите што се шират“, дополнува таа.

Во меѓувреме е иницирана и кампања за донирање на средства за четирите деца кои останаа сираци.

„Овој кошмар може да стане реалност на секое семејство. Не се обидувам да ги плашам луѓето, само треба да сфатат дека вирусот постои, особено овој делта-сој кој се покажа како најбрутален“, завршува Џонс.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Фановите се молат: Лане Гутовиќ приклучен на респиратор

Легендарниот актер кој се прослави како Среќко Шојиќ се бори за живот Нагло му се влошило здравјето на актерот Милан Лане Гутовиќ кој пред седум дена беше примен на Военомедицинската академија и оттогаш се наоѓа на интензивна нега. Српските медиуми информираат дека е приклучен на респиратор, а до утрово бил […]