fbpx

Фановите се молат: Лане Гутовиќ приклучен на респиратор

Легендарниот актер кој се прослави како Среќко Шојиќ се бори за живот

Нагло му се влошило здравјето на актерот Милан Лане Гутовиќ кој пред седум дена беше примен на Военомедицинската академија и оттогаш се наоѓа на интензивна нега.

Српските медиуми информираат дека е приклучен на респиратор, а до утрово бил во стабилна состојба само на кислородна поддршка.

„Веројатно ќе бидам подобар“, кратко порача Гутовиќ пред неколку дена од болницата.

Со денови пред да биде хоспитализиран се чувствувал лошо, но сите тестови покажале дека не е позитивен на коронавирусот.

И неговиот близок колега Драган Маринковиќ Маца откри на „Инстаграм“ дека на Лане му е влошено здравјето.

„Не давај се! До победа колега“, напиша тој.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нова трагедија: Тага во домот на Оливер Драгојевиќ

Колегите ќе го памтат по шармот и по врвниот музички талент. Сите мислеа дека ќе се извлече, но вирусот беше посилен Нова трагедија го вознемири семејството на Оливер Драгојевиќ. Хрватските медиуми јавуваат за смртта на Аљоша Драганиќ Вранчиќ, близок пријател на легендарниот пејач и клавијатуристот на групата „Дупини“, составот кој […]