fbpx

Нова трагедија: Тага во домот на Оливер Драгојевиќ

Колегите ќе го памтат по шармот и по врвниот музички талент. Сите мислеа дека ќе се извлече, но вирусот беше посилен

Нова трагедија го вознемири семејството на Оливер Драгојевиќ. Хрватските медиуми јавуваат за смртта на Аљоша Драганиќ Вранчиќ, близок пријател на легендарниот пејач и клавијатуристот на групата „Дупини“, составот кој со години го придружуваше Драгојевиќ на концертите.

„Изгубивме голем човек. Беше исклучителен инструменталист. Имавме многу убави моменти. Борбата со короната предолго траеше и мислевме дека ќе се извлече, но на крај вирусот беше посилен. Најлошто е што позади себе остави две мали деца. Има и две пораснати, но и две кои допрва требаше да ги извади на прав пат“, раскажува басистот Горан Франиќ.

„Дупини“ во поранешна Југославија настапуваа под името „Делфини“. Хемијата помеѓу нив и Оливер датира од 1995 година кога тие биле придружен бенд на Дорис Драговиќ. На тој концерт Драгојевиќ бил гостин. Во еден момент се качил на сцена, го зел микрофонот и оттогаш станале неразделни, пишува порталот „24 сата“.

Фото: Принтскрин/Аквариус рекордс

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Детали за разводот: По Северина се огласи и Игор

Само еден ден по официјализирањето на разводот за кој јавноста долго зборуваше, хрватската поп-ѕвезда Северина (49) даде опширна изјава за „Јутарњи лист“. Таа напиша меил до редакцијата во кој наведува дека одлуката за разидувањето со Игор Којиќ (34) ја донеле заеднички и дека не сака дополнително да коментира на таа […]