fbpx

Му се заканува затвор до пет години: Со еден потег Бјелогрлиќ ги зачуди сите

По сослушувањето, обвинителството ќе одлучи дали ќе побара од судот на актерот да му се одреди притвор до 30 дена или ќе му биде дозволено да се брани од слобода

Докажаниот актер, режисер и продуцент Драган Бјелогрлиќ кој крвнички го претепа режисерот Предраг Антонијевиќ, денеска се појави на сослушување во Основното јавно обвинителство во Ниш.

Како што јавуваат тамошните репортери, ѕвездата од култната серија „Подобар живот“ пред судот се појавил на време, а со еден негов потег навистина ги збунил сите.

На видеото што го објави „Република“ јасно се гледа како Бјелогрлиќ им мафта на присутните пред зградата додека пристигнува со полицискиот автомобил.

По сослушувањето, обвинителството ќе одлучи дали ќе побара од судот на актерот да му се одреди притвор до 30 дена или ќе му биде дозволено да се брани од слобода.

„Драган ќе биде испрашуван поради сомнение дека извршил кривично дело насилничко однесување“, изјавил обвинителот Владимир Станојевиќ за „Танјуг“.

Во српскиот Кривичен законик ова дело е пропишано во две форми и е предвидена казна затвор до пет години доколку биле нанесени тешки телесни повреди.

Инцидентот се случи во понеделникот околу четири часот наутро во нишкиот хотел „Амбасадор“, а снимката од нападот можете да ја погледнете во продолжение.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Десет починати во Тетово за еден ден: Меѓу нив и 36-годишна жена

Алармантни бројки пристигнуваат од тетовското ковид-одделение Жена на возраст од 36 години е меѓу починатите десет пациенти кои изминативе 24 часа ја загубиле битката со коронавирусот. Ниеден од починатите не бил вакциниран и сите биле со придружни болести, вели д-р Гзим Нуредини за „Слободен печат“. Бројот на амбулантски прегледи драстично […]