fbpx

Тага до небо: Младиот фудбалер Никола почина во Скопје

Имаше само 26 години

Почина Никола Стефановиќ, момчето кое 12 дена беше во кома на една од скопските клиники.

Младиот фудбалер од селото Доње Крајинце кај Лесковац, пред почетокот на новата сезона одмарал со друштвото во Охрид кога во даден момент скокнал од карпа во езерото, удрил во подводен камен и го скршил вратот и шестиот пршлен на кичмата. Веднаш бил префрлен во Скопје, а по оперативниот зафат паднал во кома од која, за жал, не се разбудил, информираат српските медиуми.

Стефановиќ живеел со мајка си и сестра си, а оние што го познавале велат дека бил добар спортист и прекрасен човек.

„Беше висок и силен, како од карпа направен. Од мали нозе играше фудбал. Сонуваше дека еден ден ќе заигра во голем тим. Имаше соништа за иднината, имаше големи планови. Болката е голема. Тага до небо“, коментира Милован Глушац, секретар на матичниот клуб на Никола.

Фото: Југмедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

За 12 часа ми починаа и двата сина: Вакцинирајте се!

Голема семејна трагедија ја вознемири јавноста Лиса Брендон од Флорида прележала корона, но со благи симптоми бидејќи била вакцинирана. Но, здравјето на нејзините синови нагло се влошило. И двајцата завршиле на интензивна нега, а потоа и на респиратор. Оваа мајка скршена од болка апелира сите да се вакцинираат пред да […]