fbpx

За 12 часа ми починаа и двата сина: Вакцинирајте се!

Голема семејна трагедија ја вознемири јавноста

Лиса Брендон од Флорида прележала корона, но со благи симптоми бидејќи била вакцинирана. Но, здравјето на нејзините синови нагло се влошило. И двајцата завршиле на интензивна нега, а потоа и на респиратор.

Оваа мајка скршена од болка апелира сите да се вакцинираат пред да биде предоцна.

Своите чеда ги изгубила за помалку од 12 часа, пренесува „Њујорк пост“.

Вели дека бескрајно жали што не била поупорна и што не успеала да ги увери Арон (35) и Фри (41) да се вакцинираат.

„Знам дека сега ќе беа живи покрај мене ако се имунизираа. Ова е најголемиот кошмар за еден родител. Затоа сега ова го правам, се појавувам во медиуми, за да ги уверам луѓето да се вакцинираат“, вели несреќната жена.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Душо моја мила: Сестрата на Никола со потресни зборови

Не стивнуваат реакциите по смртта на 26-годишниот Никола Стефановиќ кој трагично го загуби животот. Младиот фудбалер од селото Доње Крајинце кај Лесковац 12 дена беше во кома на една од скопските клиники по скок од карпа во Охридското езеро. Пред почетокот на новата сезона одмарал со друштвото во Охрид кога во […]