fbpx

Душо моја мила: Сестрата на Никола со потресни зборови

Не стивнуваат реакциите по смртта на 26-годишниот Никола Стефановиќ кој трагично го загуби животот.

Младиот фудбалер од селото Доње Крајинце кај Лесковац 12 дена беше во кома на една од скопските клиники по скок од карпа во Охридското езеро.

Пред почетокот на новата сезона одмарал со друштвото во Охрид кога во даден момент скокнал од карпа во езерото, удрил во подводен камен и го скршил вратот и шестиот пршлен на кичмата. Веднаш бил префрлен во Скопје, а по оперативниот зафат паднал во кома од која, за жал, не се разбудил, информираа српските медиуми.

По трагедијата, на социјалните мрежи се огласи неговата сестра Дијана.

„Нино, брату мој, душо моја мила.. Сега си ангел. Те сака твојата сестра најмногу“, напиша таа на „Фејсбук“ објавувајќи нивна заедничка слика.

Стефановиќ живеел со мајка си и сестра си, а оние што го познавале велат дека бил добар спортист и прекрасен човек.

„Беше висок и силен, како од карпа направен. Од мали нозе играше фудбал. Сонуваше дека еден ден ќе заигра во голем тим. Имаше соништа за иднината, имаше големи планови. Болката е голема. Тага до небо“, коментира Милован Глушац, секретар на матичниот клуб на Никола.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нека ти е мирен патот, брату: Тони Михајловски загуби драга личност

Еден од најпознатите дресери на кучиња кај нас, 54-годишниот Ристе Гиовски, ја загуби битката со коронавирусот. На социјалните мрежи денеска цел ден се објавуваат емотивни посвети во негова чест. Оние што вистински го познаваа го опишуваат како секогаш насмеан лик, човек со големо срце и душа широка како вселената. Од […]