fbpx

Ја загуби битката: Почина Ирена од Крушево

Почина Ирена Богданоска, жената од Крушево за која македонските граѓани изминатиов период собираа донации.

Таа на 9 август падна во кома по убод од инсект. Се лекуваше во приватна болница, но не успеа да ја добие најважната животна битка.

Тажната вест ја сподели нејзиниот татко Ѓоко Костоски.

„Почитувани роднини, драги пријатели, во овие тажни и тешки моменти чувствувам потреба да се заблагодарам на сите здравствени работници, на целиот народ кој се солидаризираше со нас во најтешките моменти, на моите крушевчани.. За жал, и покрај сите напори мојата ќерка ја загуби битката“, напиша тој на „Фејсбук“.

Ирена беше сопруга и мајка на две малолетни деца.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

(ФОТО) Лепа Брена со мајка си: Исти се!

Легендарната фолкерка направи кариера на овие простори за каква што денешните пејачки може само да сонуваат, а најголемата поддршка секогаш ја добиваше токму од мајка си Ифета Јахиќ со цело срце ја поддржуваше својата славна ќерка Лепа Брена. Ретко се појавуваше во медиумите, па малкумина знаеја како изгледа мајката на […]