fbpx

Нека ти е мирен патот, брату: Тони Михајловски загуби драга личност

Еден од најпознатите дресери на кучиња кај нас, 54-годишниот Ристе Гиовски, ја загуби битката со коронавирусот.

На социјалните мрежи денеска цел ден се објавуваат емотивни посвети во негова чест.

Оние што вистински го познаваа го опишуваат како секогаш насмеан лик, човек со големо срце и душа широка како вселената.

Од Гиовски се прости и популарниот актер Тони Михајловски. Двајцата се зближија на снимањето на филмот „Стела“.

„Почивај во мир Ристе. Нека ти е светол и мирен патот, брату“, напиша Михајловски.

Гиовски на 16 август на „Фејсбук“ објави дека е хоспитализиран во велешката болница. Во таа прилика апелираше до неговите следбеници да почнат да веруваат во вирусот порачувајќи им дека ако се’ уште мислат дека се работи за измислена пандемија да појдат во билницата и лично да се уверат со што се соочуваат здравствените работници.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Почина легендарниот Шојиќ

Милан Лане Гутовиќ, легендарниот актер кој се прослави како Среќко Шојиќ, почина на Военомедицинската академија, потврди Тајнуг. Беше еден од најталентираните глумци на овие простори, подеднакво успешен и во театар, и на телевизија и на големото платно. На Гутовиќ нагло му се влоши здравјето пред да биде хоспитализиран. Пред шест […]