fbpx

Тврдеа дека мачка им го убила бебето: Шок по откриената вистина

Семејна трагедија ги вознемири сите

Брачна двојка е обвинета за злоставување на деца, откако нивната 10-месечна ќерка почина од повреди на главата.

Таткото од Вирџинија наводно се обидел за несреќата да го обвини домашното милениче, мачката која подолг период ја чувале.

Метју Ли и неговата сопруга Елизабета се уапсени во Ричмонд поради злоставување на нивната ќерка Рејвен.

Полицијата отпочнала истрага откако детето со сериозни повреди било однесено во болница. Било хоспитализирано со модринки по главата, напукнат череп и со знаци на гушење, велат полициски извори, пренесува „Њујорк пост“.

На почетокот, таткото им изјавил на властите дека во моментите додека бил во тоалетот, а бебето во дневната соба, мачката седнала врз главата на бебето и тоа било доволно да се задуши.

Оваа приказна на полицајците им била крајно сомнителна. Едноставно со такви сериозни повреди детето не можело да се здобие од мачка. Истражителите процениле дека за смртта на новороденчето кое починало по неколкудневна борба за живот, виновни се исклучиво родителите.

Сопружниците се во притвор и наскоро ќе се појават на суд.

Фото: Вилкерсанфјунирал/Ричмонд Сити Шериф’с Офис

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Либе мое: Бонева се прости од сопругот

По кратко боледување, почина Александар Бонев, сопругот на поранешната пратеничка Силвана Бонева. Двојката беше во хармоничен брак повеќе од четири децении. Бонева на „Фејсбук“ сподели фотографија од својот животен партнер со емотивна порака. „Почивај во мир, либе мое“, напиша таа. Фото: Фејсбук