fbpx

Најсмртоносниот канцер за жени: Не ги игнорирајте овие симптоми!

Дури 140.000 жени годишно ја губат битката со рак на јајници, дефинитивно најсмртоносниот канцер за жените. Станува збор за тешка и сериозна болест, за најсмртоносниот канцер од сите гинеколошки малигнитети.

Овој рак нема рани симптоми, и кога ќе се појави тие се многу неспецифични и врзани главно за дигестивниот и уринарниот тракт.

Редовните гинеколошки прегледи се единствената работа којашто мора да ја практикувате за да се заштитите. Најчесто заболуваат постари жени, иако болеста е сѐ поприсутна и кај помладата популација.

СИМПТОМИ

– Надуеност, потекување на стомакот, нагло здебелување

– Болка во предниот дел на карлицата и чувство на притисок во стомакот

– Чувство на ситост веднаш по започнатиот оброк

– Често и нагло мокрење

– Болка за време на сексуалниот однос

– Запек

Навременото откривање на ракот на јајници е проблем со кој се соочуваат експерти низ целиот свет. За оваа болест не постои адекватен скрининг.

ФАКТИ

– Сите жени се загрозени!

– Симптомите постојат, но може да се измешаат со симптоми кои ги носат други, помалку опасни болести

– Свеста за симптомите на болеста може да ви го спаси животот

– Денеска е можно генетско тестирање на BRCAm мутираните гени на ракот на јајници. Важно е да се знае BRCAm статусот на жената!

– Ракот на јајници најчесто се дигајностицира во доцна фаза

Следни Објави

Најубава ѕвездо татина: Потресни зборови за починатиот Стефан

На социјалните мрежи не стивнуваат реакциите по прерано згаснатиот живот на десетгодишниот Стефан Балиќ. Тој на 18 јули беше прегазен на пешачки премин додека ја поминувал улицата со татка си и со помалиот брат. Падна во кома, а на 22 јули почина. Една баба од белградската населба Карабурма неодамна му […]