fbpx

Беше другар со големо срце: Почина Ристо Фотевски

Почина Ристо Фотевски, еден од основачите на Мобилност Скопје.

Тажната вест ја потврдија и од Здружението на лица со телесен инвалидитет.

„Беше вреден учесник во сите активности, борец за правата на огранокот Параплегија, дружељубив.. Почивај во мир пријателе“, напишаа неговите пријатели на „Фејсбук“.

„Беше добар другар со големо срце“, е еден од поемотивните коментари под објавата.

Ристо повеќе од четири децении беше врзан за инвалидска количка. Настрадал по скокање во море во 1978 година во Црна Гора. Во едно интервју кажа дека успеал да се опорави од повредата на вратот, но останал инвалид.

Беше редовен учесник на средбите на инвалидизираните лица, а уживаше да игра шах и пинг-понг.

Фото: Фејсбук

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Девојче почина од корона: И нејзината мајка ја загуби битката

Од Министерството за здравство информираат за нов смртен случај кој ја вознемири македонската јавност. Од компликации на Ковид-19 почина петнаесетгодишно девојче од тетовското село Селце. Тинејџерката починала на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а претходно од корона починала и нејзината мајка. Од Министерството за здравство појаснуваат […]