fbpx

Осум години пекол: Северина откри детали за старателството

Хрватската поп-ѕвезда се огласи за пресудата

Северина Вучковиќ доби заедничко старателство над синот Александар кој го има со бизнисменот Милан Поповиќ. Оваа вест ја потврди и Мате Матиќ, адвокатот на пејачката.

Изминативе 20 месеци детето живееше со татка си, а отсега таа грижа ќе биде рамноправна.

За одлуката на судот конечно се огласи и Северина преку нејзиниот ПР-тим.

„Пресудата зборува за тоа дека никогаш не постоеше причина да ми го одземат детето. Мрежата од добро уиграни поединци ми донесе 20 месеци тага и осум години судски пекол. Знам дека не е готово, но знам и дека детето доаѓа дома, па дури и пола од времето. Битката е добиена и им благодарам на сите кои се со мене, кои веруваа во системот и во правдата“, е наведено во изјавата на Северина испратена до порталот „Дневник.хр“.

Фото: Космо

*Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Моќна молитва за здравје која може да ги спаси болните

Господи Исусе Христе, Спасителу наш, Ти слезе на земјата од преголема љубов за да ги спасиш грешниците. Ти co Твојата милостива рака ги излекува болестите и слабостите на сите што ја побараа Твојата помош, им го врати здравјето и им подари нов живот. Премилостив наш Господи, преголемо е Твоето човекољубие. […]