fbpx

Се начукавте? Ова е најдобриот рецепт за мамурлук!

Сите ние понекогаш знаеме да претераме со алкохолот. Особено во ова стресно време многу е поверојатно да паднеме во искушение и тагата да ја „налееме“ со малку повеќе алкохол.

Во тој случај набавете ги овие намирници и не мора да се грижите за евентуална главоболка.

Во продолжение еве го најдобриот рецепт против мамурлук, дело на светски познатиот готвач Џејми Оливер.

– 2 компира средна големина, исецкани на коцкички

– една мала лажичка сол

– мелен бибер

– 150 грама квалитетен свеж колбас

– црвена пиперка исечкана на резанки

– една шака чери патлиџан

– 6 јајца

– свеж магдонос

– леб по желба

Подготовка:

Компирот кратко обарете го во солена вода и потоа убаво исцедете го.

Исечкајте го колбасот на кругови и печете го во тава додека не пушти маснотии. Потоа додадете бибер, компир и патлиџан и вратете го во рерна.

Печете додека сѐ не поцрвени. Додадете ги јајцата, едно по едно, нека останат цели. Посолете ги, нанесете бибер, па сѐ заедно печете не подолго од пет минути.

На крај додатете го магдоносот. Сервирајте со леб кој исто така може да го пропечете.

На здравје! И следниот пат пијте одговорно!

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нема да им се дерам на кандидатите: Интервју со Цеца за „Ѕвездите на Гранд“

Земјотрес на естрадата. Овој наслов вчера го пренесоа речиси сите српски портали, откако менаџментот на „Ѕвездите на Гранд“ откри дека Цеца Ражњатовиќ ќе ја замени Јелена Карлеуша во популарното регионално шоу. Пејачката во своето прво интервју, откако и официјално потврди дека во наредните три години ќе биде дел од жирито, […]