fbpx

ХОРОСКОП: Оваа есен ќе биде најдобра за овој знак!

Есента пристигна! Годишно време кога лисјата паѓаат, а звукот на дождот не’ успива. Деновите се пократки, ноќите и утрата посвежи, расположението ни е доведено во прашање, но на некои хороскопски знаци сепак среќата ќе им се насмее

ВАГА

Станува збор за хороскопски знак кој не сака крајности, па есента им е омилено годишно време. Факт е дека Вагите сакаат утрата да им бидат активни, па во следниот период истите ќе им бидат резервирани за одмор во природа.

Вагите внимаваат на исхраната, па есента е време кога му се радуваат на сезонското овошје и зеленчук. Ја сакаат модата, па едвај чекаат да купат нова јакна со која есенските прошетки ќе им бидат уште поубави.

На почетокот на ноември ќе им се случат сериозни животни промени. Можно е конечно да ја променат работната средина, но и партнерот со кој веќе подолго време се измачуваат.

СТРЕЛЕЦ

Покрај тоа што ќе ги следи неверојатна среќа, оваа есен припадниците на овој хороскопски знак ќе имаат многу енергија и ќе се чувствуваат подобро од кога било досега. Тоа значи дека е право време е да ги остават сите сомнежи, стравови и анксиозност и да одат во нови победи.

Ѕвездите во наредните месеци се апсолутно на нивна страна.

ЈАРЕЦ

Кога станува збор за кариера, нивните вештини ќе бидат најизразени во почетокот на октомври. Планетарната енергија е целосно фокусирана на овој знак, па ги очекува голем успех на деловен план.

Јарците ги очекува и забавен период. Оваа есен ќе имаат богат општествен живот со неколку интересни собири.

Следни Објави

Каде исчезна Олгица Христовска?

Чашата е преполна, ме задушува.. Душата е уморна и ме напушта.. Овие стихови повторно ги запеа целата македонска јавност, откако сите нѐ шокира веста за прераната смрт на авторот на музиката на овој безвременски хит, популарниот музичар и шоумен Драган Вучиќ. Под мотото „Твојата музика никогаш нема да зајде“, лани […]