fbpx

Каде исчезна Олгица Христовска?

Чашата е преполна, ме задушува.. Душата е уморна и ме напушта..

Овие стихови повторно ги запеа целата македонска јавност, откако сите нѐ шокира веста за прераната смрт на авторот на музиката на овој безвременски хит, популарниот музичар и шоумен Драган Вучиќ.

Под мотото „Твојата музика никогаш нема да зајде“, лани во мај беше промовирана карантинска верзија на макфестовската победничка тема, па после долго време пред камерите застана и интерпретаторката на ова ремек-дело, актерката и пејачка Олгица Христовска.

– Снимањето на видеото во спомен на Драган, ми беше втор ваков тежок момент. Првиот беше пред повеќе години, кога веднаш по смртта на мој колега морав да играм во претстава, и ова сега, кога по веста за заминувањето на Драган, заедно со моите пријатели музичари, решив да пеам пред камера. Неговото заминување на сите ни падна многу тешко. Едноставно, не беше спремен да си оди, многу рано замина, многу бргу се случи сѐ. Јас уште не можам да поверувам дека тоа е реалноста – раскажа Христовска за „Фокус“.

Олгица е „скарана“ со социјални медиуми, па публиката многу малку знае за нејзиниот живот, особено откако престана да снима нова музика, а во 2007 година одлучи да се повлече и од театарот.

Олгица Христовска, Мирко Митревски и членовите на „Нулта позиотив“ и „Октавијан“ на насловна на „Екран“

Вели дека не е исклучена можноста пак да се врати на сцената, но и дека повлекувањето било нејзин избор кога пред десет години ја добила ќерката, па решила комплетно да се посвети на мајчинството.

Христовска во 2006 година се омажи за поранешниот заменик министер за транспорт и врски, Дејан Кошутиќ, по четиригодишно заедничко живеење.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Нема да им се дерам на кандидатите: Интервју со Цеца за „Ѕвездите на Гранд“

Земјотрес на естрадата. Овој наслов вчера го пренесоа речиси сите српски портали, откако менаџментот на „Ѕвездите на Гранд“ откри дека Цеца Ражњатовиќ ќе ја замени Јелена Карлеуша во популарното регионално шоу. Пејачката во своето прво интервју, откако и официјално потврди дека во наредните три години ќе биде дел од жирито, […]