fbpx

Не давам свекрвата и свекорот да го гледаат внукот: Еве зошто!

Исповед која ги подели читателите. Според вас, кој е во право?

Една жена одлучи јавно да проговори за нејзиното непријатно животно искуство откако се омажила за момче од, како што таа самата нагласува, богата фамилија. Тоа наводно не било одлучивачкиот фактор и нејзиниот сопруг тоа добро го знаел.

– Го сакав и го обожував животот со него. Не живееме со неговите родители, сакавме да бидеме независни, да имаме слобода. Од почеток го планиравме заедничкиот живот, се согласивме дека сакаме да имаме своја куќа, па и двајцата почнавме да го штедиме секој денар. Со години работевме, не одевме на одмор, ниту пак си дозволувавме некоја поскапа работа или луксуз. Колку и да се трудевме, не беше доволно за учество. Поради сето ова го одложувавме и проширувањето на семејството. Сакавме да имаме барем нешто свое, пред да се реализираме и како родители, па макар тоа да биде и на кредит – ја почнува таа приказната.

Еден ден ги посетиле родителите на сопругот и тие по не знам кој пат ги прашале кога ќе добијат внук. Биле искрени, па одговориле дека тоа ќе се случи кога ќе имаат свој кров над глава.

– Рековме и дека немаме доволно средства за учество. Свекрвата само „сочувствително“ одмавна со раката. Имаа да ни дадат, но глумеа лудило. По еден месец дознав дека сум бремена. Не планиравме, но не смеев да абортирам. Предложив да одиме кај свекорот и свекрвата и директно, без заобиколување, да ги замолиме да ни позајмат пари. Јас и сопругот им ја соопштивме убавата вест и на нивната среќа ѝ немаше крај. Но, во истиот момент кога им кажавме за позајмувањето, лицата одеднаш им се променија. Свекрвата веднаш праша од каде ни е идејата дека тие имаат толку пари. Го завршивме разговорот – раскажува жената.

Спиев со свекорот: Сега секој ден ми прави две работи, но морам да молчам

По еден месец свекорот пресреќен им соопштил дека конечно купиле џип, иако веќе имале добар автомобил.

– Тогаш му реков на сопругот дека неговите родители нема да го гледаат својот внук. И се согласи и не. Разумот му налагаше дека не заслужиле, но душата нешто сосема друго, да им прости. Откако се породив, ние и понатаму се надевавме дека неговите родители ќе се предомислат и дека со детето ќе отвориме ново животно поглавје во нов дом. Тоа не се случи. По шест месеци успеавме да собереме доволно за учество и зедовме куќа на кредит. Сепак, мојата желба свекорот и свекрвата да не го гледаат своето внуче секој ден е сѐ поголема. Секој ден се присетувам како џипот им беше поважен од внукот, но и од синот – искрена е таа.

Фото: Профимедија

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Се разведов од прекрасен маж: Ми велат не си нормална, но би го трпеле ли ова?

Кога одлучив да ставам точка на мојот брак, сите беа изненадени. Тој ми помагаше по дома, добро заработуваше, не правеше никакви скандали, а јас го оставив.. Пред некое време ни дојдоа кумовите на гости, на неколку дена. Немав доволно перници, па им ги дадов нашите, а за мене и за […]