fbpx

Нема да им се дерам на кандидатите: Интервју со Цеца за „Ѕвездите на Гранд“

Земјотрес на естрадата. Овој наслов вчера го пренесоа речиси сите српски портали, откако менаџментот на „Ѕвездите на Гранд“ откри дека Цеца Ражњатовиќ ќе ја замени Јелена Карлеуша во популарното регионално шоу.

Пејачката во своето прво интервју, откако и официјално потврди дека во наредните три години ќе биде дел од жирито, вели дека преговорите траеле подолг период, биле отворени и фер и дека вчера конечно го потпишала договорот.

На прашањето што може да очекуваат гледачите од неа како судија, дали ќе биде строга или мека, Цеца вели дека нема да гази по принципите кои ги почитува со години.

„Никого нема да исмејувам. Сепак се тоа млади луѓе без искуство, кои се охрабриле да застанат на сцена пред десет луѓе кои треба да ги оценуваат, луѓе кои дошле да се борат за подобро утре. Не е поентата да им се дереме на кандидатите, да ги потценуваме и да им предизвикуваме солзи на сцената. Ќе се обидам своето знаење да им го ставам на располагање“, објаснува таа.

Славната фолкерка прокоментира и во какви односи е со останатите членови на жирито.

„Во директна комуникација никој ми нема кажано нешто лошо. Напротив, добивав многу убави коментари за мојот изглед, за работата и кариерата.. Не гледам зошто новите средби би биле поразлични“, вели Цеца.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Пораката на Гоца Тржан треба секоја жена да ја прочита!

Српската музичка ѕвезда сигурно чекори во петтата деценија од животот. Гоца Тржан никогаш немала проблем со околината и секогаш била искрена во излагањата.  Пејачката неодамна го покаже своето природно лице без шминка и откри што мисли за пластичната хирургија. – Кога мажот те сака, тој не гледа во твоите брчки […]