fbpx

Се разведов од прекрасен сопруг: Ми велат не си нормална, но би го трпеле ли ова?

Кога одлучив да ставам точка на мојот брак, сите беа изненадени. Тој ми помагаше по дома, добро заработуваше, не правеше никакви скандали, а јас го оставив..

Пред некое време ни дојдоа кумовите на гости, на неколку дена. Немав доволно перници, па им ги дадов нашите, а за мене и за сопругот наместив постелнина со старите перници. Кога излегов од бањата, забележав дека ги допира да види која е подобра, па баш таа си ја зеде за себе.

Кога го прашав што прави, ми рече дека јас брзо заспивам и дека мене не ми е важна перницата, додека тој е многу почувствителен пред легнување.

Работите така се наместија, што наеднаш ми ги отвори очите и почнав да забележувам дека не се работи за исклучок, туку за рутина. Најдоброто секогаш го зема за себе – храна, простор во домот, облека..

Спие до ѕидот, додека местото до прозорецот е за мене. Секогаш влегува прв да се бања и воопшто не води грижа дали ќе остане доволно топла вода за децата.

Има негова лажица за кондури и не дозволува друг да ја користи. Вели дека лесно може да се изгуби, па ја крие во ормарот.

Кога ќе седнеме да јадеме, секогаш настојува нему да му припадне тоа што е најсвежо, најмеко, најтопло, најубаво..

Но, не се разведов поради тоа. Ќерката која е оперирана од слепо црево, еден ден се пожали на силни болки, па морав со неа да поминам три дена во болница. Три ноќи седев покрај неа, на столчето до креветот. Кога синот и сопругот дојдоа на посета, станав да отидам до тоалет. Кога се вратив, маж ми веќе беше седнат на единствениот стол, додека јас исцрпена и бледа стоев покрај него. „Уморен сум, ме болат нозете.. Цел ден бев на работа“, ми одговори.

Многу често ми нагласуваше дека тој е најскапоценото нешто кое го имам. И навистина така мислеше. Чашата се прели и така одлучив да го напуштам овој прекрасен човек.

Оние кои не’ познаваат, велат дека сум луда. Дали мислите дека згрешив?

Следни Објави

Тажен ден во Холивуд: Почина ѕвездата на „Пиратите од Карибите“

На 78-годишна возраст почина Серхио Калдерон. Мексиканскиот актер ќе остане запаметен по улогите во филмовите „Пиратите од Карибите“ и „Мажи во црно“. Калдерон се упокоил во Лос Анџелес, а неговото семејство соопшти дека починал од природна смрт. Во својата плодна кариера Серхио одигра повеќе од 40 улоги. Роден е во […]