fbpx

Боже, подари ѝ царство небесно: Потресни зборови за Наталија

Девојката која на 26 август падна во кома, преку ноќ го обедини регионот на социјалните мрежи. Луѓе од различни краеви се молеа за неа, но не успеа да се извлече

„Боже, подари ѝ царство небесно“, „Почивај во мир, ангелу“, „Зошто се’ повеќе млади умираат? Сочуство до семејството“.. Ова се само дел од потресните зборови на „Фејсбук“ по смртта на Наталија Цветковиќ.

Несреќната 24-годишна девојка од Белград почина завчера, а нејзините родители велат дека лекарите дале се’ од себе за да ѝ го спасат животот.

Срцето на Наталија престанало да чука на 26 август додека таа престојувала во Црна Гора. Тамошните доктори успеале да ја реанимираат. Поради тешката здравствена состојба, во вторникот со авион итно била префрлена на лекување во Военомедицинската академија.

Ден пред трагедијата, Наталија на ништо не се пожалила. Следното утро се разбудила со болка во градите.

„Ја прашавме дали треба да побараме лекарска помош. Ѝ дадовме мед и вода. Отиде во тоалетот, па повторно имаше некој напад. Почна да се губи. Во еден момент веќе не можеше ниту да каже што ѝ е. Никој не очекува такво нешто од личност на 24 години. Тоа е шок. Никој не помисли дека срцето е во прашање“, изјавија нејзините родители.

Фото: Фејсбук

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Трик од две минути прави чуда: Притисокот постојано ќе ви биде 120/80

Две состојки кои сите ги имаме дома! Личностите кои имаат проблем со притисок, пред сѐ мора да ги променат своите прехрамбени навики. Лекарите велат дека за успешно регулирање на високиот крвен притисок најважно е да се намали внесувањето на сол и на маснотии во организмот. Крвниот притисок може да го […]