fbpx

Најбараната диета: Вака Андрија ослабна 20 килограми!

Ѕвездата од хит-серијата „Андрија и Анѓелка“, популарниот српски актер Андрија Милошевиќ, пред две години успеа да ослабне цели 20 килограми.

Тој призна дека имал неколку неуспешни обиди да се ослободи од вишокот килограми со изгладнување, пред да ја доведе линијата до совршенство.

– Проблемот е во главата. Се прејадуваме и тоа е наркоманска навика. Мора да заборавите на заситените масти од четири до пет месеци. Мора да се ресетирате. Јас само си реков: Од сега, па до крајот на животот ќе се хранам здраво – раскажа актерот за српските медиуми.

Милошевиќ тврди дека сега не откажал од ништо, само научил намирниците без кои не може повеќе да не ги комбинира, туку да ги консумира одвоено.

– Ручам печен компир, печурки и салата бидејќи тоа го сакам. Боранија си печам со пармезан и со неколку капки маслиново масло. Важен е и јогуртот, а она што на сите им го препорачувам е да ги проверат желудочните ензими, да дознаат што им годи, а што не. Цел живот јадев црвено месо, а потоа со таа анализа сфатив дека не ми одговара – советува тој

Сега исхраната му се базира на риба и на зеленчук.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Преживеа удар, па маж ѝ ја остави со четири деца: Вака се опорави!

Повторно е среќна и има причина да му се радува на животот Риона Кели, 37-годишна Британка од Јокшир, во март 2015 година преживеала мозочен удар и се парализирала. Нејзиниот тогашен сопруг со кој повеќе од една децеија била во брак и со кого имала четири деца, ја напуштил неколку дена […]