fbpx

Ова е многу тажен ден: Десет загинати веќе се потврдени

Не стивнувааат реакциите на социјалните мрежи по големата трагедија што ѝ се случи вечерва на нашата земја.

Неофицијално, во пожарот во кој изгоре тетовската модуларна болница животот го загубиле меѓу 20 и 30 пациенти, изјави за Фактор директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов.

Министерот Венко Филипче предмалку на „Твитер“ објави дека десет жртви се потврдени.

„Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, изразувам најдлабоко сочуство до семејствата“, напиша тој.

Следни Објави

Вадевме жртви уште пред да се изгасне пожарот: Потресно сведоштво за трагедијата

Со седум возила повеќе од 30 пожарникари го гаселе пожарот што избувна во модуларната болница во Тетово. Пламените јазици биле огромни, а од болницата се ваделе и жртви, вели Сашо Трајчевски, заменик-командирот на тетовската противпожарна единица. – Во 21 часот и две минути е пријавено дека гори модуларната болница во […]