fbpx

Преживеа удар, па маж ѝ ја остави со четири деца: Вака се опорави!

Повторно е среќна и има причина да му се радува на животот

Риона Кели, 37-годишна Британка од Јокшир, во март 2015 година преживеала мозочен удар и се парализирала. Нејзиниот тогашен сопруг со кој повеќе од една децеија била во брак и со кого имала четири деца, ја напуштил неколку дена по несреќата.

Кели преку ноќ останала врзана за инвалидска количка, немоќна да се грижи за синовите и ќерките, а лекарите ѝ велеле дека големи се шансите никогаш да не прооди.

„Откако маж ми ме напушти кога најмногу ми требаше, мојата пријателка Сара стана член на семејството и таа се грижеше за моите деца. Да не беа тие, мислев дека ќе се самоубијам. Едноставно се мразев себеси“, раскажува Риона.

Сепак, судбината имала други планови за неа.

Шест години подоцна ѝ се случила нова љубов и тоа со личниот тренер кој ѝ помогнал повторно да застане на нозе.

„Со Кејт Мејсон се’ уште сме во врска, заедно сме веќе една година и децата комплетно го прифатија. Конечно чувствувам дека имам живот каков што заслужувам“, открива Риона.

Тамошните медиуми го контактираа и нејзиниот поранешен сопруг Ричард кој на новинарите им изјави дека побарал развод многу порано, а не додека жена му била во количка.

„Додека беше во болница, ја посетував колку што можев. Морав да се грижам за децата, да ја вардам куќата и да одам на работа. Со Риона и со нашите деца живеевме под ист покрив до јуни минатата година. Тогаш конечно се иселив и двајцата продолживме понатаму“, тврди тој.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Се бројат жртвите: Детали за трагедијата во Тетово

Преку вонредно соопштение, министерството за здравство потврди дека вечерва во страотната несреќа во Тетово има повеќе жртви во пожарот кој го зафати Ковид-центарот. Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов. „Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани […]