fbpx

Се бројат жртвите: Детали за трагедијата во Тетово

Преку вонредно соопштение, министерството за здравство потврди дека вечерва во страотната несреќа во Тетово има повеќе жртви во пожарот кој го зафати Ковид-центарот.

Точниот број на лица кои го загубиле животот, повредените и нивната состојба се утврдува во моментов.

„Пожарот е веќе изгаснат и сите тимови од болницата се мобилизирани да дадат помош на повредените. Тие итно се транспортираат во Скопје за да им се пружи соодветна нега, тимовите на Клиника се мобилизирани. Министерот за здравство д-р Венко Филипче е во Тетово. По завршениот увид ќе ја информираме јавноста за фактичката состојба“, велат од министерството.

Некои медиуми јавија дека неофицијално загинале над десет лица.

Повеќе од 30 пожарникари со седум возила го гаселе пожарот што избувна во модуларната болница. Како што изјави заменик-командирот на тетовската противпожарна единица, Сашо Трајчевски, пламените јазици биле огромни, а од болницата се ваделе и жртви.

Се огласи и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи.

„Апсолутно жалам што се работи за болни луѓе кои биле тука на лекување. Допрва се очекуваат информации од полицијата и од болницата“, изјави Арифи.

Фото: Твитер


Следни Објави

Ова е многу тажен ден: Десет загинати веќе се потврдени

Не стивнувааат реакциите на социјалните мрежи по големата трагедија што ѝ се случи вечерва на нашата земја. Неофицијално, во пожарот во кој изгоре тетовската модуларна болница животот го загубиле меѓу 20 и 30 пациенти, изјави за Фактор директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов. Министерот Венко Филипче предмалку на […]