fbpx

Вадевме жртви уште пред да се изгасне пожарот: Потресно сведоштво за трагедијата

Со седум возила повеќе од 30 пожарникари го гаселе пожарот што избувна во модуларната болница во Тетово.

Пламените јазици биле огромни, а од болницата се ваделе и жртви, вели Сашо Трајчевски, заменик-командирот на тетовската противпожарна единица.

– Во 21 часот и две минути е пријавено дека гори модуларната болница во Медицински центар – Тетово. Екипите за три-четири минути пристигнаа на лице место со околу седум возила и над 30 пожарникари учествуваме од двете страни. Екипите кога пристигнаа, се беше во пламен. Тоа е внатрешно, не е надворешно. Се што е од наша страна употребено во 21 часот и 30 минути е локализиран пожарот. Во 21 часот и 45 минути е ликвидиран комплетно. Додека се гасеше пожарот, пламените јазици беа огромни, модуларната болница е се со пластика, се вадеа и жртви. Не може да го знаеме бројот, се уште немаме евиденција да видиме колку се, што се. Мислам дека има уште една жртва онде што седи, таа е проверена, најверојатно е и почината. Но, има служби што работат на тоа и треба да утврдат од што е и како. Ние не можеме за тоа да даваме информации. Службите ќе го средат тоа – изјави Трајчевски.

Неофицијално, во пожарот во кој изгоре тетовската модуларна болница животот го загубиле меѓу 20 и 30 пациенти, изјави за Фактор директорот на ГОБ „8 Септември“, д-р Христијан Костов.

Министерот Венко Филипче пред малку на „Твитер“ објави дека десет жртви се потврдени.

„Во Тетово се случи несреќа која однесе повеќе човечки жртви. До моментов се потврдени десет загинати во пожарот, но бројката може да порасне. Ова е многу тажен ден, изразувам најдлабоко сочуство до семејствата“, напиша тој.

Фото: Твитер

Следни Објави

Самохрана мајка сама направи куќа: За овој рај зборуваат сите!

По два пропаднати брака, таа одлучи сама да си изгради живеалиште Маката ќе ве натера на се’, а оваа жена е класичен пример за тоа. Мишел Боил до неодамна била приморана да плаќа кирија од 1.173 евра во Орегон. Се’ што заработувала работејќи во кафуле, го давала за сметки и […]