Меѓу жртвите на возраст од 29 до 79 години кои вчера го загубија животот во пожарот што ја зафати модуларната болница има и здравствен работник.
Toj не бил вработен во тетовската болница, туку во ПЗУ „Бамикор Медика“ и наводно неодамна го прележал вирусот.
Неговите колеги се простија од него со емотивен статус на „Фејсбук“.
„Со длакока болка и тага ги известуваме сите наши соработници-пациенти дека во синоќешниот пожар трагично го загуби животот нашиот долгогодишен здравствен работник Ферди Шакири, добар пријател, другар, верен работник, добар сопруг и татко. Изразувавме длабоко сочуство до семејството“, стои во објавата.
НА ИСТАТА ТЕМА:
Изгоре жива спасувајќи ја мајка си: Потресна фотографија
Татко ми го спасив, но другите во собата изгореа: Тетовка сведочи за хоророт
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.