fbpx

Изгоре жива спасувајќи ја мајка си: Потресна фотографија

Вкупно 14 лица загинаа во вчерашната несреќа откако избувна пожар во тетовската модуларна болница каде што биле сместени 26 пациенти. Преживеаните 12 се надвор од животна опасност, информираат од министерството за здравство.

Обвинителите издале наредба за обдукација и идентификување на телата на 14 лица починати во пожарот. За некои од починатите ќе мора да биде направена и ДНК анализа за да се утврди идентитетот.

Неофицијално, меѓу жртвите е и жена која изгорела жива наводно во обид да ја спаси мајка си која била хоспитализирана.

Нејзина фотографија веќе се споделува на социјалните мрежи.

„Изгоре жива спасувајќи ја мајка си! Да вриштиш од болка, од гнев! ОДГОВОРНОСТ МОРА ДА ИМА!“, стои напишано под објавената слика.

НА ИСТАТА ТЕМА:

Татко ми го спасив, но другите во собата изгореа: Тетовка сведочи за хоророт

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Беше добар сопруг и татко: Потресен статус за една од жртвите во пожарот

Меѓу жртвите на возраст од 29 до 79 години кои вчера го загубија животот во пожарот што ја зафати модуларната болница има и здравствен работник. Toj не бил вработен во тетовската болница, туку во ПЗУ „Бамикор Медика“ и наводно неодамна го прележал вирусот. Неговите колеги се простија од него со […]