fbpx

Самохрана мајка сама направи куќа: За овој рај зборуваат сите!

По два пропаднати брака, таа одлучи сама да си изгради живеалиште

Маката ќе ве натера на се’, а оваа жена е класичен пример за тоа. Мишел Боил до неодамна била приморана да плаќа кирија од 1.173 евра во Орегон. Се’ што заработувала работејќи во кафуле, го давала за сметки и за храна. Едвај врзувала крај со крај, се’ до моментот кога нејзините деца се осамостоиле.

Почнала да проучува туторијали во кои главна тема била како самите да изградите куќа. Успеала со незначителна инвестиција да си изгради свое катче. Претходно изнајмувала куќа со три спални соби, кујна, купатило, ходник и гаража, а сега живее во простор од 18,5 квадрати. За истиот плаќа само 58 евра за земјиштето на кое е поставена куќата, а во оваа сума е пресметан и приклучокот за струја, вода и безжичен интернет.

„Не само што си изградив куќа, туку самата и ја проектирав“, се пофали Мишел.

Целиот намештај во домот е од 40-тите и од 50-тите години на минатиот век. Оваа храбра жена две години го собирала мебелот. Вели дека е подготвена да им помогне и на други кои сакаат значително да ги намалат трошоците за живот. Среќна е што нејзиниот сон полека станува и нејзина професионална определба.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Татко ми го спасив, но другите во собата изгореа: Тетовка сведочи за хоророт

Се’ се случи за една секунда. Слушнавме како нешто пукна, некој свика „пожар“ и тука почна целата драма која не ја посакувам никому. Вака млада тетовка која синоќа била во модуларната болница како придружба на нејзиниот татко сведочи за хоророт кој го преживеала. Таа за порталот „А1 он“ раскажува дека […]