fbpx

Добрила од Дојран тешко повредена

Добрила Ивановска-Чабриќ, победничката на ветераните во шоуто „Никогаш не е доцна“, доживеала сообраќајна незгода, дознава „Мастило“.

Славната 93-годишна пејачка од Дојран излетала од коловоз, на магистралниот пат Ресен-Струга.

Случајот го потврдија и од Министерството за внатрешни работи.

„На 09.09.2021 во 20.40 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Ресен-Охрид, на влезот за с.Свиништа, патничко моторно возило „опел“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од Д.И.Ч.(93) од Стар Дојран, излетало од коловозот. Во незгодата Д.И.Ч. се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид“, информираат од МВР.

Откако се прослави во популарното српско шоу, Добрила доби големо медиумско внимание во целиот регион. Новинарите ја претставуваат како жена-змај, како дама која е жив пример дека годините се само број.

Додека траеше натпреварувањето, таа сама возеше на релација Дојран-Белград, иако е во длабока старост.

Лани раскажа како ѝ поминуваат деновите со коронавирусот.

„Кај мене секогаш е весело. Не се плашам од никаков вирус, ниту, пак, истиот ми пречи да го работам она што го сакам. Прежиевав многу полоши работи од пандемија“, изјави таа за „Гранд онлајн“.

Во истата прилика откри дека времето го поминува корисно и дека ја завршува својата прва книга во која ќе ги има сите детали од нејзиниот приватен живот.

Една од работите кои ќе бидат опфатени во книгата е и загубата на синот. За семејната трагедија на Добрила прочитајте ОВДЕ!

Фото: Промо/Никад није касно

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Срце ми се кине, а морам да пеам: Ѕвездата на „Гранд“ ги расплака сите

Никако не може да се помири со загубата Познатиот пејач Слободан Васиќ им откри на фановите дека имал смртен случај во семејството. Ѕвездата на „Гранд“ сподели фотографија со дедо му чие име го носи, а под неа порака која расплака многумина. „Не’ остави дедо. Сега кога конечно почнавме навистина да […]