fbpx

Мика Алексиќ: Шокантен пресврт во случајот со силувања

Мирослав Мика Алексиќ обвинет за серија силувања и сексуални злоставувања е пуштен од Централниот затвор, јавуваат српските медиуми.

На познатиот српски режисер, сценарист и учител по глума осомничен за сексуално злоставување на седум девојчиња на кои им предавал актерска игра, како и за четири силувања, му е одреден домашен притвор.

Актерката Милена Радуловиќ прва собра храброст јавно да раскаже дека Алексиќ ја силувал кога имала 17 години. Подоцна и нејзината колешка Ива Илинчиќ го обвини професорот за сексуално злоставување.

Во меѓувреме се огласи уште една актерка која изјави дека „блудни работи“ се случувале и во актерската школа на неговиот ментор, сега веќе покојниот актер, режисер и педагог Бата Миладиновиќ.

Според многумина, клучна фигура во процесот може да биде сопругата на Алексиќ на која преку ноќ животот ѝ се претвори во пекол.

Билијана Машиќ, актерка и професорка на Факултетот за драмски уметности, пред неколку месеци призна дека ѝ е исклучително тешко.

„Јас сум негова жена и некако е јасно дека нема да давам никакви изјави на оваа тема. Ќе биде тоа што треба да биде. Разберете дека не ми е добро. Некои луѓе постојано кружат околу нашиот дом. Јас не смеам ништо да зборувам. Морам да молчам“, им изјави таа на новинарите.

Според искази на неколку сведоци, Алексиќ наводно ги снимал девојките додека сексуално ги злоставувал во неговата канцеларија. Така ги уверувал дека „вежбаат кадар“ за еротски сцени и им нагласувал дека без нив не би можеле да се пробијат во филмскиот свет. Кога ќе завршел со изживувањето, Алексиќ им велел дека сега се соединети со Бога.

Судското рочиште е закажано за први октомври.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Беше извонреден човек: Скопјани тагуваат по Ангела

Денеска згасна животот на нашата Ангела Ангеловска Усовска, директорка на детската градинка „Мајски цвет“. И јас и општината ќе ја паметиме пред сѐ како извонреден човек, ведра личност и голем работник. Да не беше Ангела немавме да имаме и толку успеси на полето на детската заштита и предучилишното образование во […]