fbpx

Срце ми се кине, а морам да пеам: Ѕвездата на „Гранд“ ги расплака сите

Никако не може да се помири со загубата

Познатиот пејач Слободан Васиќ им откри на фановите дека имал смртен случај во семејството.

Ѕвездата на „Гранд“ сподели фотографија со дедо му чие име го носи, а под неа порака која расплака многумина.

„Не’ остави дедо. Сега кога конечно почнавме навистина да му се радуваме на животот. Кога твоите внуци добија деца, а ти стана прадедо. Сега кога помисливме дека барем малку и тие ќе ја почувствуваат радоста која ја делеше со нас. Сега кога ја запозна мојата Лела и ја засака како свое дете. Си замина, знам, на подобро место. Ти благодарам за се’! Секогаш беше најдобриот дедо на светот. Ќе те памтиме само по убаво. На крај им рече на докторите дека ќе дојде твојот внук да им запее. Јас морам и вечерва да пеам, дедо.. Срце ми се кине, ама морам да пеам. Извини, дедо мој за се’ што сум ти згрешил, те сакам најмногу“, напиша пејачот.

Фото: Инстаграм

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО

Следни Објави

Мика Алексиќ: Шокантен пресврт во случајот со силувања

Мирослав Мика Алексиќ обвинет за серија силувања и сексуални злоставувања е пуштен од Централниот затвор, јавуваат српските медиуми. На познатиот српски режисер, сценарист и учител по глума осомничен за сексуално злоставување на седум девојчиња на кои им предавал актерска игра, како и за четири силувања, му е одреден домашен притвор. […]