fbpx

Роди на 14, чистеше тоалети: Тешката судбина на југословенската пејачка

Беше една од најпознатите и најуспешните пејачки на ромска музика на овие простори која уживаше популарност и во светски рамки, но животот не ја мазеше

Љиљана Петровиќ Батлер првиот настап го имала на 12 години кога на една турнеја била најсоодветна замена на нејзината болна мајка. Освен што млада почнала да настапува, таа многу млада станала и мајка.

„Трагично за нас Ромите е што прерано созреваме. Првпат родив на 14 години, мојот тогашен сопруг имаше 16. Си играв криенка со децата во подрумот, а следното утро станав мајка. Од трчање ми пукна воденикот“, раскажала таа во една прилика.

Како што и самата често нагласувала, најважните животни лекции ги научила во кафеана. И покрај големата слава, повеќепати на своја кожа почувствувала расизам за кој отворено зборувала.

„Ми ја е*аа мајката илјада пати, од колеги до сите останати. Велеа: „Што прави секој ден оваа Циганка на телевизија?“. Секогаш не’ маргинализираа, ама па и не сме виновни што им дозволувавме. Можевме да се бањаме и да се переме, покојниот Тито на сите ни даде сапун и вода. Но, ние сме нација која нема своја земја и своја држава, ние сакаме да лутаме и да сме валкани. Ама јас сум градско дете. Не го знам ромскиот јазик, го разбирам, ама не го зборувам“, рекла Љиљана која е родена во Белград, а по мајка влече и хрватски корени.

За време на војната во поранешна Југославија, со децата одлучила да побегне во Германија. Таму била принудена да работи се’ што се бара од неа, па во даден момент чистела и тоалети.

По неколку години поминати во илегала, продуцентот и менаџер Драги Шестиќ во Дизелдорф ја убедил да сними албум за продуцентска куќа од Холандија. Среќата повторно ѝ се насмевнала, па почнала да настапува во најдобрите концертни сали ширум Европа. Зборувала дека ѝ се случила втора кариера. „Првата ми беше кафанска“, знаела да се пошегува.

По кратко, но тешко боледување, Батлер починала од рак на 66-годишна возраст.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Беше извонреден човек: Скопјани тагуваат по Ангела

Денеска згасна животот на нашата Ангела Ангеловска Усовска, директорка на детската градинка „Мајски цвет“. И јас и општината ќе ја паметиме пред сѐ како извонреден човек, ведра личност и голем работник. Да не беше Ангела немавме да имаме и толку успеси на полето на детската заштита и предучилишното образование во […]