fbpx

Јапонска терапија со вода прави чуда: Еве што да направите!

Хидратацијата на организмот е неопходна за нашето тело да функционира. Недоволното консумирање често предизвикува бубрежни болки, а во опасност ги доведуваме и мозокот, мускулите и нервниот систем. Влијае и на регулацијата на телесната температура, на нормалното функционирање на зглобовите и на коскениот систем.

Освен што е неопходна за здравје, водата исклучително влијае и на нашата енергија. Сигурно сте забележале дека кога сте покрај река, море или езеро, дополнително се опуштате. Пливањето, исто така, ја ублажува напнатоста и смирува.

Според јапонската народна и природна медицина, чаша вода треба да се напиете веднаш штом се разбудите.

Наутро е препорачливо да испиете четири чаши вода, по 150 милилитри, со пауза од пет до седум минути. Потоа немојте ништо да јадете, ниту да пиете во наредните 45 минути, а во текот на денот оптимална количина која треба да ја внесете во организмот е 2,5 литри вода.

Не пијте многу ладна или многу топла вода. Нејзината температура треба да биде слична на телесната.

Наутро, во водата може да додадете малку лимунов сок, но само ако немате проблем со желудникот.

Фото: Шатерсток

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тажен ден: Во Загреб почина познатата пејачка

Почина оперската пејачка Синтија Хансел-Бакиќ, примадона на сплитскиот ХНК и реномирана професорка, соопшти нејзиното семејство. Родена е во САД на 7 јуни 1949 година, а студирала пеење на New England Conservatory of Music во Бостон. Во Хрватска се преселила во 1971 година, а освен по нејзиниот уметнички и педагошки придонес, […]