fbpx

Тажен ден: Во Загреб почина познатата пејачка

Почина оперската пејачка Синтија Хансел-Бакиќ, примадона на сплитскиот ХНК и реномирана професорка, соопшти нејзиното семејство.

Родена е во САД на 7 јуни 1949 година, а студирала пеење на New England Conservatory of Music во Бостон.

Во Хрватска се преселила во 1971 година, а освен по нејзиниот уметнички и педагошки придонес, луѓето ќе ја памтат и по нејзината несебична хуманитарна работа за време на војната, стои во официјалната објава за нејзината смрт.

Хансел-Бакиќ беше редовна професорка на Музичката академија во Загреб, а предаваше и на Музичката академија во Сплит.

Кога е операта во прашање, во својата богата кариера одигра повеќе од 60 главни улоги.

Фото: Принтскрин/Јутјуб

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Баба ме научи за животот: Исповед која длабоко ќе ве допре

Авторката Нада Вељковиќ за српскиот портал Bizlife напиша интересно четиво за тоа како растеле и на кој начин се чувале децата некогаш, а како тоа денес се прави. Го пренесуваме во продолжение, прочитајте го во целост, од него можеме сите да учиме. Денешните модерни градинки нудат интелигентни начини на поминување […]