fbpx

Д-р Жаклина Шопова: Еве зошто треба Филипче да замине!

Ако директорите бараат од премиерот да остане Филипче, јас ќе се потрудам да го кажам спротивното:

1.Велите: пандемијата трае, болниците се преполни.. ЗОШТО!? Заради Венко и неговата/вашата неспособност за менаџирање.

2.1112 пациенти со тешка кл.слика се лекуваат, 30 пациенти се на респиратор (само не кажувате на кои респиротори тие што требаше да ги добиеме, да ги набави Венко или..), 700 пациенти се на кислородна подршка со маска. ЗОШТО !? Заради Венко и сите вас кои не ги припремивте и не ги дистрибуравте протоколите за третман на секое ниво во здравството низ целата република, бидејќи не направивте план за белиот мантил, бидејќи преку ноќ ги претварате болниците во ковид центри,бидејќи им го одземавте со закон загарантираното право на сите останати пациенти со др. и хронични болести да се лекуваат во јавното здравство, па мораа на сопствен трошок да се лекуваат по приватните болници.

Ќе ве прашам, бидејќи горе го имате одговорот: За каков систем зборубате за кој столб во здравството зборувате? ..ако сте тоа вие и Филипче тогаш оддамнаа требаше да се повлечете!

Го споменувате слоганот „Слушај го Венко“ кој го користевте/користите за политички маркетинг на Венко, на вас, како што ги користевте здр.работници кои ги нарекувавте херои.. Велите дека дигнитетот на професијата лекар е вратена со што:

*со билбордите кои без дозвола на лекарите ги објавувавте се со цел да си го зголемите рејтингот

*со одлевање на здр.работници, мед.сестри по приватните болници заради вашата добра здр.политика.. па и со нив се фотографирафте за да ги прикрие Венко своите и вашите неспособности за менаџирање !?

Лекарите не ги добија ветените 100.000 ден. Не ги добија 5% на покачување на плата за 9 месеци, им ги оддземавте год.одмори за една година.. не добија многу од ветувањата на Венко, но тоа е..

НИЕ: Лекарите, мед.сестри, лаборантите, болничатите, хигиеничарите, сервирките, администрстивните работници како и се што е во сектор здравство иако сме деградирани од ВАС продолживме и се уште сме со нашите пациенти, се бориме во услови такви какви сте ни обезбедиле, за секој човечки живот секое деноноќие..

И на крај велите руинираното здравство го подигнал Венко, Вие!? Дали тоа се модуларните болници кои наместо по светски стандарди за што земавте кредит ги изградивте по стандарди Заев- Филипче-Анѓушев !?

Дали е сега јасно зошто задоцнетата оставка на Филипче, која ви ги доведе во прашање и вашите директорски места треба и со вашето и без вашето писмо, и без директивите за зголемувањето на рејтингот на Филипче по социјалните мрежи, со постирање на неговата слика како профилна слика на статусите (можеби за да се оддолжите за вработување унапредување или сл што ви ја обезбедил Филипче) г- динот Зоран Заев ТРЕБА ДА ЈА ПРИФАТИ за доброто на народот!!!

Фејсбук-статус на д-р Жаклина Шопова

Објавите во рубриката „Мислења“ се без новинарска интервенција и се независни од уредувачката политика на „Мастило.мк“

Следни Објави

Марина Туцаковиќ во тешка состојба: Потресни зборови од синот

Дамата која ги напиша стиховите на најголемите музички хитови во регионот е во тешка состојба Марина Туцаковиќ е итно хоспитализирана поради коронавирус, јавуваат српските медиуми. Оваа информација преку социјалните мрежи ја потврди и нејзиниот син Милан Радуловиќ. Марина е моментално приклучена на кислород на една од белградските приватни клиники, пренесе […]