fbpx

Марина Туцаковиќ во тешка состојба: Потресни зборови од синот

Дамата која ги напиша стиховите на најголемите музички хитови во регионот е во тешка состојба

Марина Туцаковиќ е итно хоспитализирана поради коронавирус, јавуваат српските медиуми. Оваа информација преку социјалните мрежи ја потврди и нејзиниот син Милан Радуловиќ.

Марина е моментално приклучена на кислород на една од белградските приватни клиники, пренесе „Пинк.рс“. Според истиот извор, лекарите потврдиле дека не е во животна опасност, но и дека е рано да се даваат било какви детални прогнози поради нејзината борба со ракот на дојка кој ѝ беше дијагностициран во февруари 2018 година.

„Ви благодарам на сите за поддршката, на тоа што сте прекрасни луѓе и што докажувате дека доброто и понатаму постои. Следува борба за мојата мајка. За мојот херој кој толку многу направи за нас. Жилави сме, не се даваме“, напиша нејзиниот син.

Пред осум месеци Туцаковиќ проговори за ракот. Во таа прилика изјави дека стравува за својот живот, но дека не се предава.

– Многу ми е лошо, постојано лежам. Се плашам.. Тоа е нормално чувство. Мојата борба трае со години, не може да заврши преку ноќ. Постојано ми ја менуваат терапијата, мојот организам можеби повеќе не е доволно силен за сето тоа да го издржи. Ама, не се давам – раскажа таа.

И покрај лошата состојба во која се наоѓа, Марина откри дека не можела да ги остави цигарите.

– Имам само еден порок. Понекогаш палам. Се’ пробав за да ги оставам, но не оди. Се обидувам да се хранам здраво, пијам сок од аронија и од цвекло – изјави Туцаковиќ.

Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.

Следни Објави

Тажна вест од Холивуд: На 61 година почина славниот комичар

На 61 година почина Норм Мекдоналд. Славниот комичар цели девет години се бореше со ракот, пренесува „Дедлајн“. Неговата долгогодишна партнерка Лори Џо била покрај него кога здравствената состојба му се влошила. „Никогаш не сакаше дијагнозата да влијае на начинот на кој гледачите или било кој од неговите сакани го доживуваа. […]