На 61 година почина Норм Мекдоналд.
Славниот комичар цели девет години се бореше со ракот, пренесува „Дедлајн“.
Неговата долгогодишна партнерка Лори Џо била покрај него кога здравствената состојба му се влошила.
„Никогаш не сакаше дијагнозата да влијае на начинот на кој гледачите или било кој од неговите сакани го доживуваа. Се гордеше со својата работа. Еднаш напиша дека шегата треба да ги изненади луѓето, а не да се смеат на неговите перформанси од сожалување. Многу ќе ни недостига на сите“, изјави таа.
Мекдоналд беше дел од мегапопуларното шоу SNL од 1993 до 1999 година. Три сезони ја водеше емисијата Weekend Update, а подоцна имаше сопствено ток-шоу кое се емитуваше и на „Нетфликс“.
Фото: Профимедија
* Текстот не смее да биде превземан без дозвола на редакцијата на МАСТИЛО.